Животните од Австралија: Боенка пиши-бриши вежбанка со маркер

250.00 ден

ИСБН : 978-608-267-245-8
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Либи
Број на страни: 24
Димензии : А4
Корица : мека
ДОБИЈ БЕСПЛАТНА ДОСТАВА! Дополни ја кошничката, ти недостасуваат само уште 2,000.00 ден.

Нема на залиха

Кенгурчињата си ги бараат своите детски соби, динго-кученцата си ги бараат своите семејства, а коалата си ги бара мирисливите листови евкалиптус… Помогни им да ги пронајдат!

Со овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку:

• Почетно пишување разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак);

• Слободно пишување линии;

• Развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини);

• Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.

Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со овој или со друг маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.