Комплетот содржи:
• 15 картички со правилни дропки;
• 15 картички со слики;
• 15 картички со мешани броеви;
• 15 картички со неправилни дропки;
• 9 картички со знаците за: собирање (+), одземање (–), множење (•), делење
(:), поголемо од (>), помало од (<) и еднакво (=), како и заградите ( и );
• 6 празни картички.
Kартичките можат да се користат за проверка и
продлабочување на знаењата од:
• Еквивалентни дропки;
• Споредување и подредување дропки;
• Едноставни операции со дропки;
• Редослед на операции во израз со дропки.
Празните картички можат да се користат доколку има потреба за пишување дополнителни знаци за операции, за споредување и за загради.