“Стефан има девојка.
МОЈОТ Стефан, што го ѕиркам веќе една година по ходници во школо, што ги терам другарките да ми кажуваат дали гледа во мене додека сум му свртена со грб, што еднаш едвај му кажав едно тивко „здраво“ и избегав, Стефан што замислував дека некогаш ќе ми го најде некако бројот и ќе ми пише порака, дека ќе ме викне да се видиме и дека ќе се фатиме и ќе бидеме засекогаш, ама НАЈЗАСЕКОГАШ заедно…
Има девојка.
Лежев на кревет и гледав во таван.
Многу сум глупава.“