Летото е период во кој дечињата имаа премногу слободно време и често пати знаат да се пожалат дека им е здодевно. Ние ви предлагаме неколку креативни активности во кои децата ќе уживаат. Направете го летото забавно и возбудливо.
Игри со вода
И во домашни услови може да играте со вода и да биде премногу забавно. Можете да набавите пиштоли на вода и да уживате во прскањето и разладувањето. Или пак можете да играте со водени балони. Овие активности се интересни и за децата и за возрасните.
Фрлање фризби, тенис или топка
За дечињата многу се битни игрите кои ја поттикнуваат физичката активност. На момчињата никогаш нема да им е здодевно да играат фудбал или топка, додека за девојчињата одлична физичка активност е играњето тенис или фризби.
Цртање
Вашата уметност може да ја покажете дома со помош на фломастери и боички, но можете да цртате и надвор со креди. Со оваа активност се вежба и контролира работата со рацете, се вежба и графомоториката, која подоцна ќе им биде потребна за пишување. Боенките и цртањето го поттикнуваат развојот, забавни се, преставуваат начин на комуникација, изразување на мислите и желбите, потребите. Бидете покрај своето дете додека црта, цртајте заедно со него, а на крај не заборавајте да го пофалите за сработеното.
Гответе заедно
Децата обожаваат да ги копираат возрасните, но и да се вклучуваат во секојдневните активности. Сакаат да готват и да се чувствуваат корисно помагајќи. Дозволете им да готват заедно со вас. Набавете им и играчки со кујни сетови, играта ќе биде премногу забавна и ќе трае со часови. Десерти, пица, кафе – вие правете нарачка, а малите готвачки нека се покажат најдобро што можат.
Играјте друштвени игри
Во топлите часови кога температурите се високи уживајте во домашниот амбиент и играјте друштвени игри. Децата обожаваат да играат не лути се човече, да местат Рубикова коцка, да ги решаваат мистериите скриени во предизвиците на smart games.
Направете го летото интересно и забавно, а за се што ви е потребно како реквизит за забава, цртање или игра тука сме ние. Посетете го нашиот сајт и направете оn- line нарачка.
Попустите се во тек!