Блог

ВРЕМЕ Е ЗА БЕЗВРЕМЕНСКАТА ИГРА “НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ”

Не постои човек кој барем еднаш во животот не ја играл играта „Не лути се човече“. Со текот на времето таа добива разни облици и дизајни, но никако не ја губи популарноста. Актуелна е и интересна во секое време.

Еве неколку интересни факти за неа: се игра од 1907 година, кога ја смислил германецот Јозев Фридрих Шмит. Овој претприемач поради желбата да пронајде забава за своите синови, по примерот на старата индијска игра, во својата кујна ја смислил играта со коцка, пиунчиња изрезбани од дрво и парче картон исцртан со куќички и полиња. Децата одлично се забавувале, но не и Шмит, кој пробувал да заработи на оваа игра.

Интересот за истата се јавил кога започнала војната и тоа кога Шмит испратил во воените болници донација од 3.000 комплети. Оваа игра на повредените им станала омилено трошење на времето, а кога се вратиле дома, со себе ја донеле и играта „Не лути се човече“.

Играта набрзо станата главна забава, но и најпопуларна игра во Германија. Освен добрата реклама, предноста на неговата игра на плоча била и цената. Сетот чинел помалку од половина килограм шеќер, па не е ни чудо што и покрај немаштијата и кризата, две години по завршувањето на војната, била неизоставен инвентар во повеќе од милион домови во Германија.

Оваа интересна ја играат најмалите, но е одлична забава и за повозрасните.

ПРАВИЛА НА ИГРА :

1. Играта се состои од табла со полиња во 4 различни бои и 16 фигури.

2. Според правилата на играта мора да има минимум 2 а најмногу 4 играчи за да започне играта. Играчите се сместени во почетна зона (која се нарекува куќа), а сместена е на левиот агол на таблата/платформата за секој играч одделно.

3. Се распоредувањето на фигурите секој од играчите треба да има 4 фигури со иста боја

4. Доколку се само двајца играчи, тие треба да седат дијагонално. На секоја страна на коцката има различен број на точки кои се движат од 1 до 6.

5. Со тркалање на коцката, играчите ги движат своите четири фигури на таблата/платформата од почеток до крај, а додека се движат низ полињата се обидуваат да избегнат да бидат вратени на почетна позиција од страна на противничките играчи.

6. Победник во играта се смета играчот кој прв ќе успее да ги смести сите 4 фигури до крајните полиња кои се со иста боја како и полињата од почетната зона.

А дали знаете дека во Super Nova  можете да најдете многу интересни олблици на оваа популарна игра во која ќе уживаат сите членови од семејството? Посетете не во ТЦ Бисер или на нашата on-line страница и направете нарачка од вашиот дом, а ние ќе се потрудиме играта безбедно да стигне до вас.