Со брзото темпо на живот и секојдневните обврски, сите ние забораваме на читањето книги. Па оваа слатка обврска ја оставаме за време на летниот одмор. И да „ќе чистам на плажа“ е идеалното време, да прочитате некоја нова книга, без изговор дека сте уморни или немате време. Затоа пред да тргнете на одмор направете список на книги кои ќе си ги набавите и ќе ги имате во вашата чанта за на плажа.
Топли сончеви зраци, песочна плажа, освежителен пијалак и добра книга е добитна комбинација за ова лето! Единственото нешто што е подобро од гњурењето во водата е „гњурењето во добра книга“. Нема грижи дека сте запоставиле некоја обврска за да читате книга, едноставно се препуштате на уживање!
Еве неколку совети за добар избор на книга :
Ø Пред да почнете со читање, намачкајте дебел слој на крема за сончање, бидејќи понекогаш можете да се „нурнете“ предлабоко во некоја интересна книга, па да заборавите на се околу вас!
Ø Изберете книга со привлечна и лесна содржина, која ќе го задржи вашето внимание! Точно е тврдењето дека книгите влијаат на нашето расположение, па избегнувајте тешки книги со тажни приказни!
Ø Секогаш носете граничник за читање на книги, за да не го изгубите редоследот на прочитани страни, тогаш кога ќе решите да се разладите или пак ако дува ветар!
Ø Децата секогаш ги копираат родителите и тие се нивниот најдобар пример, па во торбата имајте и некоја детска литература. Доколку детето знае само да чита, оставете го да ужива во пишаниот збор, а доколку не, заедно уживајте читајќи му на вашето малечко.
ПРЕДЛОГ 1
ТАЈНИ НА ЛЕТНАТА НОЌ ОД ЛИСА КЛЕЈПАС
Четири млади дами во една сала за танцување прават пакт меѓусебно да си помогнат да пронајдат пристојни сопрузи … по секоја цена. Гордата и прекрасна Анабел Пејтон би можела да бира од мажите и додворувачите – но само кога би имала мираз. Нејзиното семејство е на раб на катастрофа и постои само еден начин на кој Анабел би можела да им помогне, а тоа е да се омажи за многу богат маж. За жал, никој од благородниците не сака жена без мираз, па нејзиниот најупорен додворувач е безобразниот Сајмон Хант, згоден и амбициозен претприемач кој ја сака само за љубовница. Анабел е решена да одолее на неговите непристојни предлози и покрај очајот во кој запаѓа нејзиното семејство, но не може да негира дека чувствува привлечност кон храбриот заводник, исто како што тој не може да негира дека таа му претставува страшен предизвик. Додека тие двајца се надмудруваат, полека се предаваат на нешто помоќно од сè што можеле да замислат. Само што, судбината има други планови.
ПРЕДЛОГ 2
СТРАСТ, ПРЕДАВСТВА И ОНИЕ ДВА ЗБОРА – МАЈА БОЖИНОВСКА
Адам и Ребека се заедно речиси откако знаат за себе. Тој нема убав спомен без неа, таа нема тажен спомен во кој тој не бил нејзиното рамо за плачење. Но со текот на годините, животот носи нови предизвици, амбиции, подеми и падови. Некаде по патот, ги проголтува тркалото на кариерата и ги раздалечуваат скриени стравови. И тогаш се случува најголемото од сите предавства. Нешто незамисливо. Нешто непростливо. Сега, Адам посетува психијатар и очајно бара сили да научи да продолжи да го живее животот. Но искрено, не е сигурен дали верува во живот по љубов… особено не по таква љубов. Ги лечи раните со низа девојки на кои не им ги ни помни имињата, но има едно име кое никако не може да го заборави, колку и да се бори.
Ребека е навидум ладна и индиферентна на сѐ што се случува. Но вистината е дека има чувство дека светот ѝ е распаднат на милион парчиња кои злокобно кружат околу неа, а никако не може да ги спои и повторно да си го врати животот во нормала. Чувствува невидена болка, чувствува немир, празнина… како да ѝ недостасува цел еден дел од срцето. Но свесна е дека токму таа е виновна и мора да ја плати цената. И покрај тоа, нешто не ѝ дава целосно да крене раце од човекот кој некогаш ја сакаше повеќе од сѐ на светот, а сега ја мрази како никој друг на светот… А и како би можела, како ли се живее без парче од срцето?
ПРЕДЛОГ 3
ГОСПОДИНОТ Е.Л.ЏЕЈМС
#1 бестселер на Њујорк тајмс– возбудлива нова романса од авторката на феноменалната, најпродавана трилогија „Педесет нијанси“.
Лондон, 2019. Животот е лесен за Максим Тревелјан. Поради својот добар изглед, аристократските врски и богатството, никогаш немал потреба да работи и ретко ги поминува ноќите сам. Но сето тоа се менува кога по ужасната трагедија, Максим ги наследува семејната титула, богатството, имотите и сите одговорности што доаѓаат со тоа. Сепак, не е подготвен за таа улога и одбива да се соочи со новата реалност.
Но негов најголем предизвик претставува да се избори со својот копнеж по неочекуваната средба со интригантна девојка која неодамна пристигна во Англија, носејќи со себе опасно минато. Воздржана, прекрасна и музички талентирана, таа е вистинска мистерија, а желбата на Максим се претвора во страст која никогаш порано ја нема искусено. Но која е Алeсија Демачи? Може ли Максим да ја заштити од опасноста што ѝ се заканува? И што ќе направи таа кога ќе дознае дека и тој крие тајни?
Од срцето на Лондон, преку руралниот Корнвол, до тмурната и застрашувачка убавина на Балканот, Господинот е ролер-костер од опасност и страст што го остава читателот без здив до последната страница.
ПРЕДЛОГ 4
ДРАГ ЕДВАРД ЕН НАПОЛИТАНО
Едно летно утро, дванаесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници се патници на летот од Нуарк до Лос Анџелес. Меѓу нив е и еден финансиски вундеркинд активен на Волстрит, млада дама која се соочува со несакана бременост, ранет авганистански ветеран, бизнис-тајкун и слободоумна жена која бега од својот маж. И тогаш – се урива авионот. Едвард е единствениот преживеан.
Случајот на Едвард го привлекува вниманието на јавноста, но нему му е тешко да се соочи со загубата на семејството. Непрестајно чувствува дека душевниот мир го изгубил на оној судбоносен лет и дека неговата судбина засекогаш е врзана со авионот и со преостанатите патници.
Но, тогаш открива нешто сосем неочекувано, нешто што ќе го доведе до одговорот на многу важни прашања: Kако да се пронајдеш себеси кога си изгубил сè? Како да најдеш смисла во новиот живот? Што е разликата помеѓу преживувањето и живеењето?
„Драг Едвард“ е истовремено извонредна приказна за внатрешниот живот на главниот протагонист, повеќедимензионален портрет на незаборавна група ликови и трогателна илустрација на различните начини на кои може да закрепне едно скршено срце.
Кај нас може да најдете најголем избор на книги и бестселери, како и детска литература. Затоа не двоумете се. За нарачка на книга, пишете ни порака, а ние ќе ја доставиме до вашиот дом!