Уште од најмала возраст децата треба да научат дека не можат да добијат се што ќе посакаат, дека се има цена и се вреднува. Експертите советуваат дека првите лекции за парите и вреднувањето треба да почнат кога детето има три години. Прво научете го за вредноста на парите, а потоа и да штеди.
Запознавате го со монетите, потоа научете го да брои, играјте игра банка или пазар, кога работите ќе ги купувате и на плаќате. Децата најдобро учат преку игри, а така вложуваат и повеќе напор за да ве разберат што им зборувате, т.е. да ја научат играта. За поедноставно да го разбере целиот процес, објаснете му од каде доаѓаат парите, како тие се заработуваат, каде се чуваат и сл.
Објаснете му на вашето дете дека парите се стекнуваат со труд и работа и дека со нив може да се купува само она што е неопходно, а некои задоволства може да си ги пружите само ако штедите. Откако детето ќе ги совлада сите овие вештини веќе е подготвено да штеди. Купете ја првата касичка и може да почне процесот на штедење и планови за инвестиција.
На возраст кога веќе ќе бидат способни нешто сами да заработат преку летниот распуст, поддржете ги во намерата. На тој начин ќе научат повеќе да ги ценат парите што самите макотрпно ги заработиле. Само така навистина ќе водат сметка и добро ќе размислат како и на што ќе ги потрошат парите.
Научете ги да си постават и цели, па доколку имаат желба за нов велосипед или некоја играчка може да земат учество во исплаќање на износот, со дел од својата заштеда. Така и повеќе ќе го ценат она што го купиле, но ќе имаат и обврска да разумно да ги трошат парите.
Толку затоа во октомври меѓународниот месец посветен на штедењето купете му на вашето детенце касичка и советувајте го да штеди. Во Супер Нова има голем избор на касички, од наједноставни до сеф касички со музика и шифри за отклучување. Посетете не или направeте он-лине нарачка.