Блог

КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ СООДВЕТЕН РАНЕЦ ЗА НА УЧИЛИШТЕ ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ?

Наближува стартот на учебната година, а со тоа се поставува и едно клучно прашања за секое дете поврзано со училиштето. Каков ранец да избере за новата учебна година. Во продавниците има толку голем избор на ранци, што ќе ве стават во дилема и вас, но и вашето дете. Секое дете сака да има ранец по своја мерка за на училиште, со својот омилен дизни лик или некоја игра. Но, внимавајте покрај интересната апликација, одберете и квалитетен ранец, бидејќи несоодветниот ранец може да предизвика и деформитети кај децата. Затоа ние ви нудиме неколку препораки, како да изберете соодветен ранец без да погрешите.

На што да внимавате при изборот?

  1. Стручните лица советуваат помалите деца задолжително да носат ранец со две рамки, така оптеретувањето ќе биде рамномерно. Кај поголемите деца дозволено е и носење на ранец на една рамка, кој треба да биде косо поставен за да се подели тежината рамномерно.

       2. При избор на ранецот внимавајте долниот дел да не биде под струкот на детето, а горниот дел на ранецот да биде под линијата на рамениот појас.

       3. Прерамките потребно е да бидат пошироки и меки, за да не прават засекување на мускулите на рамот. Истите треба да бидат прилагодливи и добро затегнати според висината на детето. Секогаш давајте им предност на ранците кои имаат и ремен околу струкот за стабилизација и фиксирање. Ранците треба да ја следат линијата на грбот.

       4. Материјалот од кој е изработен ранецот треба да цврст и силен за да му понуди стабилна подлога, а на задниот дел да има густа мрежа, за да се спречи потење. Од страната препорачливо е да има џебови во кои детето ќе стави шише за вода или кутија за храна.

      5. Во внатрешниот дел се препорачува да има неколку прегради за книги, како и помала преграда за училишен прибор и помагала.

Специјалистите по ортопедија препорачуваат тежината која ќе ја има во училишниот ранец да не биде поголема од 10% од телесната тежина на детето.  

Многу од децата сакаат да бидат препознатливи и да имаат ист ранец, иста торбица за патики, како и кутија за храна и шише за вода.

Еве ги предлозите на ранци кои се дел од нашиот овогодишен асортиман.