Во првата година детето го запознава светот, се запознава со формите и просторот. Покрај многуте прашања кои ги мачат новите родители е и тоа каква играчка да одберат за своето дете. Не знаејќи што е добро за бебето, но и од мерак, го преплавуваат со играчки. Но ова е погрешно. Во овој период треба да изберете играчка која ќе му помогне во развојот на фината моторика и растот, ќе ја развие неговата координација на рака-око, ќе биде колоритна и ќе го задржи неговото внимание. На оваа возраст децата учат со допир, се сакаат да фатат и да опипаат.
Покрај тоа што играчката треба да е колоритна, таа треба да е и безбедна и изработена од нетоксични материјали. На оваа возраст не треба да се купуваат ситни и мали играчки, кои малите деца можат лесно да ги проголтаат.
Стручните лица како прва играчка ја препорачуваат играта со сортирање- сортер. Можеби на почетокот ќе му биде тешко да сортира и да мести по боја, но верувајте дека ќе ужива да ја растури кулата која вие ќе ја наместите. Со текот на времето ќе научи и тоа да мести и поместува, да ги решава задачите кои ги има секој сортер. На почетокот земете поедноставен сортер, каде детето треба да ги мести животните кои се бледо исцртани на долниот дел или бојата на испакнатиот дел се совпаѓа со бојата на вдлабнатиот.
Едукативна коцка со многу задачи, па бебето ќе треба да поместува делови по одредени патеки, да отвара-затвара, да врти и осознава.
Книги со приказни и звучни сликовници – особено интересен подарок е едукативна сликовница или бајка со звучни елементи. Детето покрај тоа што ќе ужива во бајката, ќе сака и да притиска и да слуша звуци кои ги испушта книгата. Најубавите бајки, може да ги слуша на два јазици, да ги научи звуците кои ги испуштаат животните.
Секогаш интересни се и меките топчиња, сквиши играчките, коцките за градење или пак кинетички песок и пластелин. Овие играчки се добри за стисокот на рацете кај малото дете, но овие играчки се препорачуваат откако детето ќе наполни 18 месеци. Тие го активираат рефлексот за фаќање и стискање и го поттикнуваат развојниот процес. Децата преку игра учат како да се справат со предизвиците кои ги нудат играчките.
Добра тактика е и да ги менувате играчките често, така детето ќе има поголем интерес кон новата играчка и секогаш ќе му е забавно.
Во Супер Нова ќе најдете најголем избор на квалитетни и едукативни детски играчки, со одлични цени и препораки. Разгледајте ги достапните производи тука.