Истражувањата покажуваат дека децата кои играат видео игри имаат подобри перформанси – концентрација, меморија и визуелни способности. Играјќи ги игрите тие развиваат стратегија, план и концентрација.
Но секако времето поминато пред компјутер и видео игри треба да е ограничено и контролирано од страна на родител.
Видео игрите им помагаат за:
-социјализација
-подобар конгитивен развој
-мотивација
-позитивни емоции
Играњето акциони видео игри може да им помогне на децата да развијат засилени ментални способности како побрза и попрецизна распределба на вниманието и развивање на вештини за снаоѓање во просторот. Истражувачите велат дека интерактивните игри кои се достапни online им помагаат на младите луѓе да ги подобрат своите вештини за решавање на проблеми, а исто така ја подобруваат и креативноста на децата. Иако сеуште не се знае до кој степен вештините и способностите стекнати од играњето видео игри соодветствуваат на ситуации од реалниот живот, резултатите од ова истражување ветуваат многу.
Играњето видео игри ги исполнува и им предизвикува чувство на уживање и задоволство кај младите луѓе со што нивното расположение се подобрува. Токму поради ваквите чувства стресот се намалува, а децата се релаксираат и се чувствуваат горди на своите достигнувања.
Во Супер Нова ќе најдете најголем избор на гејмерска опрема и слушалки, со супер квалитет и достапни цени.