Децата многу рано покажуваат интерес за цртање и боење, а родителите треба да го поттикнат детето да го црта и бои, бидејќи тоа е најдобриот начин за развивање на моториката уште на рана возраст.
Цртање и боење до 18 месеци
Од 10 до 18 месеци детето почнува да држи молив или боичка. Иако не се способни цврсто да држат молив и да цртаат значајни форми, оваа активност е многу интересна за децата, па затоа треба да се пофалат за секој нивен напор. Бидете внимателни кога на оваа возраст им давате на децата маркери или боички. Во овој период, децата мора секогаш да ги прават овие активности под надзор на возрасни.
Цртање и боење до 3 години
На околу две и три години детето веќе учи да препознава форми и умее да црта прави и кружни линии и разни видови форми како квадрати, кругови итн. Во овој период, децата учат да бојат внатре во рамката. Тоа боење не е секогаш точно, но со текот на времето децата ќе се подобрат во тоа. Децата многу често го сликаат целиот цртеж со една боја, а сепак не обрнуваат внимание на деталите во цртежот.
Цртање и боење до 5 години
На околу четири и пет години, детето може да следи, како и да пишува и црта форми. Покрај цртањето, многу деца на оваа возраст веќе учат да ги пишуваат своите први букви, на пример да го напишат своето име. При боење тие посветуваат поголемо внимание на различни делови од цртежот. На пример, ако детето бојадиса куќа, наместо да ја обои цела куќа со една боја, на оваа возраст ќе користи црвена боја за покривот, кафеава боја за вратата итн.
Цртањето и боењето се многу важни за развојот на детето затоа што детето учи да ги забележува работите околу него и потоа се обидува да ги нацрта и обои на адекватен начин.
Совети како да го поттикнете детето да црта и бои
За да го поттикнете вашето дете да развие интерес за цртање и боење, треба:
-
Земете боички, фломастери, боенки, хартии за цртање, тетратка… (сите потребни материјали ќе ги најдете во Супер Нова)
-
Подгответе ги сите материјали за цртање и боење што ги имате и оставете го детето да си игра со боите и да научи како да ги користи.
-
Смислете активности каде децата ќе цртаат линии, ќе поврзуваат делови или ќе обојат.
-
Набавете сликовници кои ќе послужат како инспирација за детето. (а најинтересните сликовници и детска литература ја има кај нас)
-
Децата прво сакаат да истражуваат, а потоа да цртаат тоа што го виделе или научиле.
-
Цртајте заедно, помогнете му на детето со цртежот, покажете му како да држи молив…
-
Закачете го цртежот на видно место (врата, фрижидер), бидејќи на тој начин ќе му покажете на детето дека се гордеете со него и неговата работа.