Уште од најмала возраст поттикнувајте ги децата на спорт. Научно е докажано дека децата кои спортуваат имаат подобра самодоверба, полесно се спријателуваат, имаат подобар имунитет, подобро се организирани и имаат добра концентрација. Спортот одлично влијае и врз нивниот раст и развој, па затоа мотивирајте ги за некоја спортска активност кон која покажуваат афинитети.
На почеток можете да започнете со заедничко вежбање дома. Така ќе го мотивирате и ќе поминувате повеќе време заедно. Во активноста можете да го вклучите и вашиот сопруг/сопруга. Со градењето здраво навики се почнува од најмали нозе, а родителите се идеалниот учител за своето дете.
-
Откријте кој спорт му е омилен и му го привлекува вниманието на вашето дете, па запиште го на таа активност.
-
Момчињата обожаваат фудбал, кошарка или карате, додека девојчињата секогаш се подготвени да научат балет, модерен танц или глума. Помогнете му на детето во изборот, со тоа што ќе го однесете на пробен час. Така ќе има можност да се запознае со спортот, со тренерот и да ја запознае средината во која ќе вежба. Доколку не пројави интерес, дајте му втора шанса, можеби едноставно не му бил денот. Децата понекогаш пробуваат и по неколку различни спорта, сѐ додека не го најдат оној вистинскиот што целосно ќе ги исполни со радост и ќе ги мотивира да напредуваат и да се надградуваат секојдневно. Затоа бидете трпеливи и охрабрете го вашето дете да го одбере спортот што со задоволство ќе го практикува и што ќе направи да се чувствува исполнето.
-
Се смета дека 6-тата година кај децата е оптимално време за отпочнување со спорт.
-
Покрај тоа што заедно ќе одберете спорт, одберете заедно и опрема за вежбање. Така детето ќе се почувствува важно за носење одлуки.