Децата, особено момчињата, сакаат да си играат со автомобили и во секоја игра можат да вклучат автомобил. Денеска ви предлагаме активности со автомобили кои можете да ги организирате со вашите деца. За овие активности ќе ви требаат играчки коли кои детето веќе ги има.
Трки со автомобили
Супер активност и одлична забава за децата каде играчките автомобили ќе се натпреваруваат едни со други. Ќе ви требаат сите играчки автомобили што ги имате. Исто така, важно е да се означи почетокот и крајот. Можете да ги направите од коцки или можете да ставите книга или кутија што ќе го означи почетокот и крајот. Наредете ги сите автомобили на почетокот, а потоа турнете ги и натпреварувајте се за да видите кој автомобил може да стигне најдалеку.
Дополнителна задача во оваа игра може да биде детето да го турка автомобилот за да помине низ целта. На овој начин детето практикува да управува со автомобили.
Учење на броеви
Со помош на автомобилите и играта моежете да му помогнете на вашето дете да ги научи бројките. Покрај играчките автомобили, за оваа трка ќе ви требаат:
- Хартија (за бројки и голем хамер)
- Молив или фломастер (а најубавите моливи и најшарени фломастери ги има во Super Nova)
- Лента за да ги залепите броевите
- Ножици
Исечете мали квадрати или кругови на кои ќе ги напишете броевите и залепете ги тие бројки на автомобилите. На голем хамер (кој можете да го најдете во Super Nova) нацртајте ги полињата што ќе ги претставуваат местата за паркирање. Обележете ги полињата со бројки.
Детето има задача да го паркира секој автомобил на означеното место. Автомобилот означен со број 3 треба да биде на паркинг просторот број 3.
Гаражи за автомобили
Можете да направите гаражи за автомобили од книги. Изберете неколку книги кои имаат подебели корици на кои може да стои гаражата. Кога ќе поврзете неколку книги, тие можат да направат и тунел, а тоа може да биде дополнителна активност каде што можете да користите играчки автомобили. Детето ќе се обиде да ги паркира автомобилите во гаражите, внимавајќи да не ја сруши гаражата.
Патека за автомобили
За оваа активност ќе ви треба поголемо парче хартија за да ги нацртате шините од автомобилот. Можете да користите поголем хамер или да залепите неколку хартии А4. Задачата е болидите да се движат по патеката од почеток до крај, внимавајќи секогаш да бидат во нивната лента.
дополнителна активност за автомобили
Правење знаци
Друга активност што можете да ја направите како дополнителна активност или како дополнување на патеката за автомобили е правење знаци. За да направите сообраќајни знаци, потребни ви се:
- Хартија и ножици
- Моливи и боички или маркери
- Стапче или чепкалка за заби
- Пластелин
Исечете ја хартијата во форма на сообраќајни знаци (круг, триаголник, квадрат). Покажете му на детето слика од знаците и обидете се да му помогнете на детето да ги нацрта знаците. Потоа залепете ги формите на чепкалка за заби, а држачот за знакот направете го од пластелин.
А во нашите две продавници во ТЦ Бисер и ТЦ Лептокарија може да најдете голем избор на играчки автомобили, катни гаражи, пожарникарни возила, полициски сетови. Затоа посетете не и уживајте во светот на играчките.