Блог

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА КУПУВАТЕ ON-LINE

Нарачувањето on-line во последните години стана популарен тренд, па можеме слободно да кажеме дека во наредниот период најголем дел од нашите набавки ќе одат тому на овој начин. Можноста да се купува со кафе во рака и пижами е една од најомилените причини на сите кои го користат овој начин на купување. Во продолжение ви даваме 5 причини зошто и вие треба да купувате on-line.

1.Заштедувате време

Најголема придобивка за секој од нас е заштеата на време, а сите знаеме колку ни е битно слободното време во ова брзо темпо на живот. Подготовка за да излезете од дома, барање паркинг место, можност бараниот производ да не е достапен во продавницата и слично, се само дел од предизвиците со кои ќе се соочите доколку не пазарите on-line. Практично е, а и нема да чекате ред на каса.

2. Секогаш информирани за новите прозводи

Пазарејќи on-line секогаш имате увид кои се новите производи кои се достапни во вашата омилена продавница. Ја знаете цената, потребните информации за производот, димензии и големина, начин на испорака односно сите информации кои ви се потребни. Ваше е само да кликнете нарачај!

3. Без дополнителни трошоци

Во дополнителните трошоци спаѓаат бензин, паркинг место, како и веројатноста дека ќе купите уште нешто што можеби не ви е потребно во тој момент.

4. Нема брзање да ститгнете пред затварање

on-line продавницте работат 24/7, па веројатноста дека ќе ви „затворат пред нос“ е сведена на минимум. Можете да нарачате во било кој период од денот, додека сте на пауза за оброк, додека уживате гледајќи филм и сл.

5. Сигурност

Голем дел од клиентите, не сакат да ја остават својата картичка и податоци за истата на дел од сајтовите. Иако нудиме 100% сигурност, голем дел, заради лоши искуства на други страни, не се сигурни и го одбиваат овој начин на пазарање, затоа ние во Супер Нова нудиме и опција за достава и плаќање на производот на рака.

Посетете ја нашата on-line продавница www.supernovastrore.mk и нарачајте веднаш! Безбедно и сигурно!